Белград домаќин на финалето во АБА лигата

Од:

Завршниот „Фајнл фор“ турнир од АБА лигата ќе се одигра во Белград. Ова е епилогот по состанокот на првиот човек на лигата Роман Лисец со претседателот на Кошаркарскиот сојуз на Србија и градоначалникот на Белград Драган Џилас.

Градоначалникот на главниот српски град побарал од Лисец, АБА лигата да го плати осигурувањето за евентуално настаната штета во салата каде ќе се одржува турнирот.

– Подготвени сме да ги отстапиме „Пионир“ или „Арена“ бесплатно доколку АБА си го плати осигурувањето. Околу безбедноста Лисец го упатив на договор со надлежните државни органи, изјави Џилас.

Во игра за организација на завршниот турнир беше и Скопје.

Финалниот турнир ќе се одржи во периодот од 25-27 април.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он