Белгија поуспешна од Израел

Од:

Репрезентацијата на Белгија постигна победа на гостувањето кај Израел во рамките на квалификациите за ЕУРО 2016.

До триумфот од 1:0 белгиската репрезентација стигна со голот на Марун Фелаини во 9. минута по асистенцијата на Винсент Компани.

Селекцијата на Белгија натпреварот го заврши со 10 играчи откако асистентот на голот Компани во 64.минута доби црвен картон (втор жолт).

Предноста од играч повеќе Израел не ја искористи, па така по вторпат по ред во три дена загуби на домашен терен.

На чело на табелата во групата Б сега е Белгија со 11 бодови и подобра гол разлика од Велс, кој има исто така 11 бодови. Израел е на третото место со 9 бодови. Кипар со 6 бодови е на четвртата позиција, додека Босна и Херцеговина е петта со 5 бодови, а последна е Андора без бодови.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Фудбалерите на Милан го совладаа Емполи во 24. коло од Серија А

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

Де ла Фуенте останува селектор на шпанската репрезентација до крајот на ЕП 2028 година

Колапс на ѕвездата која заработи милиони: На 32 години работи за плата од 420 евра

Легендарниот дански фудбалер објави крај на играчката кариера

А1он