Белгија нов ривал на Македонија на јуниорското ЕП за кошаркари

Од:

По поразот во првото коло на Европското првенство Б дивизија, што се игра во Естонија македонската кошаркарска јуниорска репрезентација (играчи до 18 години) попладнево ќе го одигра вториот дуел, а проттивник е селекцијата на Белгија.

Македонија синоќа во неизвесен натпревар загуби од Данска со 92:88, а нашиот денешен ривал беше подобар од Република Ирска со 69:58.

На третиот дуел од првото коло од групата Д домаќинот Естонија ја победи Швајцарија со убедливи 94:55. На дуелот против Данска најефикасни во нашиот состав беа: Лука Стојановски со 25 поени и Дамјан Крстевски со 23.

Во второто коло покрај натпреварот Македонија – Белгија се играат и дуелите: Данска – Естонија и Швајцарија – Република Ирска. Почетокот на сите натпревари е во 17:15 часот.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ