Сан Антонио Спарс ја освои летната лига откако во финалето во Лас Вегас ја совлада екипата на Феникс Санс со 93:90, а Беки Хемон стана првата жена тренер што освоила трофеј во НБА.
Триесет и осумгодишната Хемон минатата година беше именувана за прв асистент во тимот на Спарс, а во летната лига доби шанса да го води тимот како прв тренер.
– Ме слушаа, играа храбро и борбено иако беа уморни, играа за мене се бореа до крај, изјави Хемон
Спарси до титулата дојдоа со шест победи по ред.