Бекер: Заедно и кога губиме

Од:

Легендарниот германски тенисер Борис Бекер, по поразот на Новак Ѓоковиќ во финалето на УС Опен од Стан Вавринка, порача дека тимот секогаш треба да биде заедно и дека по невремето доаѓа сонцето.

– Ние сме тим. Ние сме заедно и кога ќе победиме и кога ќе се изгуби. По невремето секогаш доаѓа сонце, напиша Бекер на Твитер и стави до знаење дека поразот во Њујорк нема да го наруши ритамот на српскиот ас.

Светскиот рекет број 1 загуби од Вавринка со 3:1 и пропушти шанса да го освои 13 трофеј од Гренд-слем турнирите.

На овој начин тој ја продолжи лошата серија по освојувањето на Ролан Гарос, бидејќи беше елиминиран во раната фаза на Вимблдон, а потоа и во првиот круг на Олимписките игри во Рио де Жанеиро.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен