Ѕвездата на англискиот фудбал и поранешен репрезентативец на Англија, Дејвид Бакам самиот се елиминира од можноста да го запали олимпискиот пламен на главниот стадион во Лондон на церемонијалот на свеченото отворање на Олимпијадата на 27 јули.
– Не сум јас човекот кој треба да го запали огнот, изјави Бекам, оценувајќи дека тоа теба да биде некој од поранешните британски олимпијци, кои освоиле златни медали.
Бекам изјави дека е разочаран што не се најде во олимписката фудбалска репрезентација на Велика Британија за Игрите, иако тоа го оцекуваше британската фудбалска и спорстка јавност.
Неговиот настап на олимпискиот турнир ќе беше заокружување на неговата долга и богата фудбалска кариера и своевидна награда за неговиот голем придонес при изборот на Лондон за домаќин на годинешнава Олимпијада.
Официјалното објаснување на стручниот штаб на репрезентацијата е дека Бекам не е во составот „само од фудбалски причини“. Предност при изборот им е дадена на други тројца постари фудбалери кои играат во Премиер лигата, затоа што олимписката репрезентација ја сочинуваат само млади играчи и има место само за тројца повозрасни.
Изјавата на Бекам доаѓа по реакцијата на претседателот на Организацискиот комитет на Олимписките игри, лорд Коу дека „има три места на кои ќе се определи Бекам, како знак за признание на неговиот голем учинок за популаризација на лондонската кандидатура за Олимпијдата и за изборот на Лондон“.