Бејл останува во Реал Мадрид до 2021 година

Од:

Репрезентативецот на Велс, Герет Бејл го продолжи договорот со Реал Мадрид до 2021 година пренесуваат медиумите од Шпанија. Бејл во „кралскиот клуб“ дојде во 2013 година од лондонскиот тим Тотенхем за трансфер од 100 милиони евра, кој беше рекорден до ова лето.

Бејл со Реал имаше договор до 2019 година, но со сегашниот договор ќе има зголемување и ќе заработува исто како Серхио Рамос (околу 10 милиони евра). Во Реал Мадрид најплатен играч е Кристијано Роналдо.
Во редовите на европскиот шампион е релативно мирно ова лето, единствено се врати Алваро Мората од Јувентус.

Откако го носи дресот на Реал Мадрид, Бејл има две титули европски шампион, одиграно 124 натпревари и постигнато 60 голови.

Би можело да ве интересира

На фудбалер на Реал му се заканува затворска казна – препраќал порно видеа со малолетници

А1он

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти оди со 23 играчи за дуелот против Манчестер Сити во Лигата на шампионите

(ВИДЕО) Прв хет-трик на Мбапе во дресот на Реал Мадрид

А1он

Анчелоти пак го брани Винисиус: Два меча суспензија е премногу!

А1он

Анчелоти: Ќе поднесеме жалба поради исклучувањето на Винисиус, не беше за црвен

А1он

(ВИДЕО) Мбапе за Модриќ: Па тој има повеќе трофеи од јас што имам години!

А1он