Прославениот руски кошаркар Сергеј Базаревич е поставен за нов селектор на кошаркарската репрезентација на Русија.
Базаревич на селекторската позиција доаѓа од тренерското место на екипата Краснаја Крила со која го освои Еврочелинџ Купот.
Русија остана без селектор на самиот старт на подготовките за претстојното Европско првенство кое во септември ќе се одржи во Словенија. Досегашниот руски селектор, Гркот Фотис Кациракис неочекувано ја напушти тренерската функцијата.
На ЕП Русија се наоѓа во група со Италија, Грција, Финска, Турција и Шведска.