Баутиста-Агут преку Ѓоковиќ до финалето во Шангај

Од:

Шпанскиот тенисер Роберто Баутиста-Агут денеска за нешто помалку од два часа игра, го победи првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ (Србија) со 2-0, по сетови 6:4 и 6:4 и се пласира во финалето на АТП турнирот во Шангај, Кина.

За 19-от тенисер во светот ова беше прв триумф над Ѓоковиќ во шестиот нивни меѓусебен меч.

По овој пораз Ѓоковиќ ќе загуби 640 бодови на АТП ранг листата, бидејќи го бранеше трофејот на Мастерсот во Шангај освоен минатата година.

Противник на Баутиста-Агут во финалето ќе биде подобриот од мечот Енди Мареј (Велика Британија) – Жил Симон (Франција).

Би можело да ве интересира

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен