Бартоли шампионка на Вимблдон

Од:

Французинката Марион Бартоли е новата шампионка на Вимблдон, откако во финалето ја совлада Германката Сабине Лисицки со 6:1 и 6:4 по сетови.

Воедно ова за Бартоли е прва Грен слем титула, а таа стана 42. тенисерка што успева да победи на Вимблдон.

Французинката пред седум години играше во финалето, но тогаш загуби од Венус Вилијамс.

Првиот сет Бартоли доминантно го доби, иако противничката поведе со 1-0 во гемови. Потоа следуваше серија од шест гема за водство од 1:0.

И во вториот сет поведе Лисицки со 1-0, но сега Бартоли направи серија од пет гема за водство од 5-1. Германката во седмиот гем спаси три меч топки и потоа намали на 5-4, но сепак 10.гем и припадна на Бартоли и го доби сетот со 6-4.

Финалето траеше 62 минути.

До титулата Бартоли стигна без загубен сет, а притоа не победи ниту една тенисерка од ТОП 10.

Последна Французинка која победи на Вимблдон беше Амели Морезмо во 2006 година, која сега ја има улогата на тренер на Бартоли.

Утре се игра машкото финале на Вимблдон меѓу Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј.

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ