Барселона – Панатинаикос во првиот четвртфинален дуел од Евролигата

Од:

Четвртфиналната фаза во кошаркарската Евролига стартува вечерва од 20 часот со натпреварот во „Палау Блауграна“ меѓу домашната Барселона и грчкиот претставник Панатинаикос.

Шпанскиот тим ја има улогата на фаворит, не само во ова четвртфинале туку важи и за еден од главните претенденти за шампионскиот тофеј. Барселона во 24-те натпревари во групните фази сезонава само двапати беше поразена (ЦСКА Москва и Химки) и имаше убедливо најдобар биланс од сите екипи во елитното натпреварување.

За пласман на „Фајнал-фор“ турнир во Лондон, ќе бидат потребни три победи во серијата подобар од пет, а покрај вечерашниот натпревар и следната средба во четврток ќе се игра во Барселона, потоа предвидени се две средби во Атина, а евентуалната мајсторка повторно ќе се игра во Шпанија.

Останатите три дуели од четвртфиналето ќе се играат утре, а двојките се: ЦСКА Москва – Каха Лаборал, Олимпијакос – Анадолу Ефес и Реал Мадрид – Макаби.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он