Шпанскиот фудбалер Ансу Фати е проблем кој им задава главоболки на челниците на Барселона.
Некогашната голема надеж на „црвената фурија“ моментално е на позајмица во Брајтон, каде навистина не игра најдобро.
Во Премиер лигата се појави 17 пати, од кои само три пати беше во стартниот тим.
Навистина малку за некој чија откупна клаузула е нереална милијарда евра, како што поставија во 2021 година во Барселона.
Само една година претходно, Фати блесна, влегувајќи во првиот тим на Барса како тинејџер и набрзо стана најмладиот стрелец во историјата на шпанската репрезентација.
На неговата тешка ситуација се додадоа и проблемите со повреди, па само до 20-тата година имаше четири операции.
Шпанските медиуми коментираат што ќе прави Барса со него кога ќе се врати од позајмицата на лето.
Времето ќе покаже дали ќе следи нова или ќе добие шанса во Каталонија.