Барселона му го нуди на Атлетико Гризман во замена за Феликс

Од:

Барселона сé уште се надева дека ќе го ангажира играчот за врска на Атлетико Мадрид, Жоао Феликс.

Каталонскиот клуб го понуди на Атлетико Антоан Гризман во замена за Португалецот.

Главниот проблем со договорот е разликата во платите помеѓу Феликс и поранешниот играч на Атлетико.

Тренерот на мадридскиот клуб Диего Симеоне би сакал да го види Гризман на Атлетико, но раководството на клубот не се согласува поради разликата во платите.

Барса, од друга страна, иако сака да го направи овој трансфер, смета дека е „многу тежок“.

Претходно беше објавено дека Атлетико одби да го даде Феликс на позајмица во Барселона.

За потсетување, мадридскиот клуб плати 126 милиони евра за Португалецот во 2019 година. На 58 натпревари во Ла Лига, Жоао постигна 13 гола и оствари шест асистенции.

Од друга страна, Барселона го купи Гризман од Атлетико во 2019 година за 120 милиони.

Би можело да ве интересира

Трансферите на Кутињо и Гризман во Барселона – најлоши зделки во историјата на фудбалот

Предраг Петровиќ

Гризман стана првиот играч во историјата на ЛШ кој постигнал два гола и добил црвен картон на ист натпревар

Ана Ололовска

Куман за преселбата на Гризман во Атлетико: Едноставно ужасно

А1он

Атлетико ќе го добие Гризман бесплатно ако фудбалерот одигра помалку од 50 отсто од натпреварите во 2022/23

А1он

Гризман се обрати на навивачите на Барселона по напуштањето на клубот

А1он

„Хуавеј“ го повика Гризман на разговори откако фудбалерот ја прекина соработката

Жарко Настоски