Раководството на фудбалскиот клуб Барселона изрази поддршка кон тренерот Ернесто Валверде.
Критики дојдоа од сите страни, откако Каталонците освоија само 2 поени во последните три натпревари.
– Целосно му веруваме на Валверде. Сезоната е многу долга. Сигурни сме дека сите цели ќе бидат остварени. Трансфери во јануари? Ги разгледуваме сите можности. Нема да затвориме врата за никого, изјави генералниот директор Оскар Грау.
Валверде е на чело на Барселона од 29 мај 2017 година. Под негово раководство Каталонците ја освоија титулата во Шпанија.
Во моментов Барселона го зазема првото место во Ла Лига по седум кола со ист број поени како Реал Мадрид.