Барса постави цена за Семедо

Од:

Управата на шпанскиот шампион Барселона постави цена од 40 милиони евра за нивниот дефанзивец Нелсон Семедо, пишува „Диарио Спорт“.

Португалскиот десен бек го избрал Манчестер Сити пред Јувентус и Интер, кои исто така покажуваат интерес.

Сепак, „Камп Ноу“ инсистираат на одредена сума и не сакаат размена со друг играч. Менаџерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола сака да се раздели со уште еден португалски крилен играч, Жоао Кансело.

Со парите, Барса сака да собере средства за да може да финансира дел од договорот за Лаутаро Мартинез.

Од „Камп Ноу“ очекуваат да постигнат договор со Интер за 50-60 милиони евра плус двајца играчи.

Би можело да ве интересира

Легендарен фудбалски тренер е во болница поради мозочен удар

А1он

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Фудбалерите на Милан го совладаа Емполи во 24. коло од Серија А

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

Де ла Фуенте останува селектор на шпанската репрезентација до крајот на ЕП 2028 година

Колапс на ѕвездата која заработи милиони: На 32 години работи за плата од 420 евра