Њујорк Никс и Торонто Репторс се многу блиску до реализација на трејд во кој би биле вклучени четворица кошаркари.
Њујорк во Торонто сакаше да ги испрати Стив Новак и Маркус Кемби, како и првиот пик од драфтот во 2016 година, додека во Њујорк би пристигнал италијанскиот репрезентативец Андреа Барњани.
Сепак, челниците на НБА лигата, ваквиот трејд не го одбија од „кошаркарски причини“, па во модифицираната верзија на договорот Барњани ќе пристигне во Њујорк, а во Торонто покрај Новак и Кемби ќе се пресели и Квентин Ричардсон, бидејќи Кенјон Мартин и Пабло Приџони не биле заинтересирани за преселба во Репторси.
Барњани настапува на центарската позиција, која е дефицитарна во Њујорк, но Италијанецот многу повеќе сака да игра надвор од рекетот, а познат е по својот шут за три поени, во минатата сезона од оваа позиција шутираше под 30 отсто.
Барњани кариерата ја започна во 2002 во Рома, следната сезона се сели во Бенетон Тревизо, тој во 2006 година беше избран како прв пик на драфтот од страна на Торонто Репторс.