Екипата на Бамберг Бросе Баскет го претрпе и 12 пораз во исто толку одиграни натпревари во ТОП 16 фазата од кошаркарската Евролига. Синоќа во германската пресметка, Бамберг на домашен терен загуби од Алба Берлин со 75:72 во првиот дуел од 12.круг.
Денеска ќе бидат одиграни четири натпревари: Жалгирис – Анадолу Ефес, Реал Мадрид – Панатинаикос, Уникаха – ЦСКА Москва и Барселона – Каха Лаборал.
Оваа рунда ќе биде комплетирана утре со три средби, а на две од нив ќе се појават двајцата македонските репрезентативци. Лестер Бо Мекејлеб со Фенербахче ќе гу мостува на Химки, додека Перо Антиќ со Олимпијакос ќе биде домаќин на Макаби. Третата утрешна двојка е Бешикташ – Монтепаски.
Табела група Е: Реал Мадрид 9-2 (победи-порази), Анадолу Ефес 9-2, ЦСКА Москва 8-3, Панатинаикос 7-4, Уникаха 6-5, Жалгирис 4-7, Алба Берлин 2-10 и Бросе Баскет 0-12.
Табела група Ф: Барселона 10-1 (победи-порази), Монтепаски 7-4, Олимпијакос 7-4, Химки 6-5, Макаби 6-5, Каха Лаборал 6-5, Фенербахче Улкер 2-9 и Бешикташ 0-11.
Пласман во четвртфиналето досега има обезбедено само екипата на Барселона.