Бах: Решението на ИОК не е поврзано со политиката

Од:

Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) Томас Бах ја отфрли секоја шпекулација дека исклучувањето на Русија од Зимските олимписки игри 2018 има политички контекст.

– Политичките лидери низ целиот свет и нашите спонзори разбираат добро дека ИОК е неутрална организација. Ние не би дозволиле да бидеме под влијание на политиката, кога донесуваме одлуки во врска со спортот. За нас неутралноста е од клучно значење, изјави Бах.

ЗОИ 2018 ќе се одржат во Пјонгчан, Јужна Кореја од 5 до 25 февруари без присуство на руското знаме. Спортисти од Русија ќе можат да се натпреваруваат под олимпиското знаме.

Одлуката за суспендирање на Рускиот олимписки комитет е поради користење допинг на Игрите во Сочи во 2014 година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Полска сака да биде домаќин на Олимписките игри во 2040 или 2044 година

Ватерполистите на Србија ја победија Америка и се пласираа во финалето

Ѓоковиќ го освои олимпиското злато и ја комплетираше колекцијата на најголемите тениски трофеи

Предраг Петровиќ

Леброн Џејмс сака да игра на Олимпијадата во Париз – ќе го предводи дрим-тимот

Олимпиското злато и беше одземено на Русинка и доделено на Американка

А1он