Бадел против Шкупи ја почнува одбраната на трофејот

Од:

По четиринаесет одиграни натпревари во лигашкиот дел, денес почнува плеј-офот за кошаркари. Бранител на трофејот е Бадел кој во изминатите три сезони е неприкосновен на врвот. Апсолутната доминација во двете натпреварувања (првенството и купот) беше прекината оваа година во рамки на (ЛИМАК) Купот на РМ каде Вардар го освои трофејот.

Противник на Бадел 1862 во полуфиналето ќе биде Шкупи. Минатата натпреварувачка сезона, Шкупи беше елиминиран токму во полуфиналето, од „баделки“ (2-0 во меѓусебни натпревари).

Првиот полуфинален натпревар ќе биде одигран вечер во спортската сала „Независна Македонија“, а ќе започне во 20 часот и 30 минути.

Во второто полуфинале на 20 април ќе играат Вардар и МНА Кожувчанка. Овој дуел ќе се игра утре во спортската сала на Вардар на „Кале“ со почеток во 19 часот.

Вардарки веќе имаат еден трофеј во своите витрини, тој од Купот освоен пред два месеци кој сигурно ќе биде стимул за предизвикот кој им претстои.

Полуфиналната серија се игра до два добиени натпревари.

Би можело да ве интересира

Почина Дражен Далипагиќ

А1он

Сопругата на латвискиот кошаркар е осомничена дека го нарачала неговото убиство

Предраг Петровиќ

Раул Нето го раскина договорот со Барселона

(ВИДЕО) Лесор, кошаркарот на Панатинаикос, заработи тешка повреда

Горан Наумовски

Кошаркарите на Милвоки и Оклахома во финалето на НБА Купот

(ВИДЕО) Има 18 години, а висок е 236 сантиметри – џин беше уште во градинка

А1он