А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Спорт

Азија против планот на ФИФА: „Ова е целосно неприфатливо“

by А1он30/07/2026 - 15:0130/07/2026 - 14:55128
Share0

Претседателот на Азиската фудбалска конфедерација (АФЦ), шеикот Салман бин Ебрахим Ал-Калифа, остро го критикуваше планот на ФИФА да продаде удел во Светското првенство на приватни инвеститори, оценувајќи дека таквиот потег е „целосно неприфатлив“ и дека ја поткопува структурата на светскиот фудбал.

Следете a1on на Instagram Instagram

Во писмо испратено до сите 47 национални фудбалски сојузи-членки на АФЦ, Ал-Калифа изрази сериозна загриженост поради тоа што ФИФА не ги консултирала континенталните конфедерации пред јавно да го претстави својот предлог.

ФИФА во вторникот објави план за формирање комерцијална компанија вредна 17,5 милијарди евра, која би управувала со комерцијалните права на Светските првенства и други натпреварувања. Предлогот веднаш предизвика негативни реакции кај повеќе континентални конфедерации, меѓу кои и УЕФА и АФЦ.

„Со голема загриженост и разочараност констатираме дека ФИФА во ниту една фаза не се консултираше со нас пред јавното објавување на овој предлог“, наведува Ал-Калифа во писмото.

Следете a1on на Youtube YouTube

Тој истакнува дека АФЦ не добила никаква детална правна, финансиска или управувачка анализа на проектот, ниту проценка за неговите можни последици.

„Тоа е целосно неприфатливо. Длабоко сме загрижени затоа што едностраните потези на ФИФА ги поткопуваат темелите на континенталниот фудбал, кои се засноваат на солидарност, соработка и транспарентност“, се наведува во писмото.

Азиската конфедерација, со седиште во Куала Лумпур, смета дека ваков проект не може да се реализира без согласност и поддршка од сите шест континентални конфедерации.

Дополнително, Ал-Калифа го критикуваше и краткиот рок што ФИФА им го поставила на националните сојузи. Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, во писмо до сите 211 национални федерации навел дека секоја ќе добие по 35,12 милиони евра доколку го прифати предлогот до 19 септември.

„Изненадени сме што временската рамка остава толку малку простор за разгледување на предлог од ваква важност. Вакви одлуки никогаш не треба да се носат набрзина“, порача претседателот на АФЦ.

Поради тоа, тој ги повика сите национални сојузи во рамките на АФЦ засега да не донесуваат никаква одлука, сè додека не завршат дополнителните разговори со ФИФА и не се направат сите потребни анализи.

„Остануваме целосно посветени на конструктивна соработка со ФИФА и со сите наши членки, со цел да се заштитат интересите на фудбалот и неговиот понатамошен развој врз принципите на доверба, транспарентност и единство“, се наведува во писмото.

fifasport

Би можело да ве интересира

Петмина маскирани и вооружени мажи упаднаа во домот на шпанскиот голман додека вечераше со семејството

Предраг Петровиќ20/10/2026 - 17:45

Роналдо без милост кон водителот: „Кажи му на тој да престане со ботокс, изгледа како јаболко“

Предраг Петровиќ08/10/2026 - 17:20

Монако згасна! Клубот престанува со работа по 12 години успешна приказна

Предраг Петровиќ07/10/2026 - 16:14

ФИФА откри неверојатен податок за Меси и Аргентина

Катерина Ѓуровски05/10/2026 - 19:48

Новак Ѓоковиќ во полуфиналето против Данил Медведев

Предраг Петровиќ04/10/2026 - 18:33

22. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни

Предраг Петровиќ04/10/2026 - 13:2404/10/2026 - 13:25
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео