Првата носителка Викторија Азаренка (Белорусија) и шестата фаворитка На Ли (Кина) ќе играат во финалето на Отвореното тениско првенство на Австралија.
За Ли ова ќе биде трето Грен слем финале, а второ во Мелбурн.
Во полуфиналето Кинеската Ли ја победи втората носителка Марија Шарапова со 2:0, по сетови 6:2 и 6:2.
Азаренка до финалниот дуел стигна преку полуфиналната победа над Слоун Стивенс (САД) со 2:0, по сетови 6:1 и 6:4.
Финалето е закажано за во сабота 26 јануари.
Од машкиот дел на турнирот, во првото полуфиналето денеска играат Новак Џоковиќ (Србија) – Давид Ферер (Шпанија), додека утре е вториот полуфинален дуел Енди Мареј (Шкотска) – Рожер Федерер (Швајцарија).