Викторија Азаренка го одбрани трофејот од Мелбурн кој го освои минатата година и првото место на ВТА листата.
Во финалето на Австралијан Опен ја совлада Кинеската Ли На со 2:1 во сетови 4:6, 6:4, 6:3 по 160 минути игра.
Во многу чуден меч, Кинеската отвори подобро го доби првиот сет, но потоа дојде до пресврт.
Ли го изгуби вториот сет, а во третиот сет при водство од 2:1 во гемови за Ли, натпреварот го прекина традиционалниот огномет и се чини дека овој прекин лошо влијаеше на кинескињата.
Во продолжение таа повторно ја повреди ногата при што силно удри со главата од подлогата. Продолжи но го загуби третиот сет.