Авто-трка „Пониква 2018“ од Шампионатот во автомобилизам на Македонија

Од:

На патеката Пониква кај Кочани попладнево се возеше втората ридско-брзинска трка во рамки на Државниот и Шампионатот во автомобилизам за Централна Европа.

На натпреварот учествуваа дваесетина возачи од авто-мото клубовите од Македонија и Косово, кои беа распределени во пет категории.

Во најниската класа А1150 најбрз на патеката долга 6,4 километри беше Филип Василевски од АКК „Никола Карев“, додека во класата Е1 -1600 прв на целта стигна Марио Велковски од „Кастом кар рејсинг тим“. Даниел Блажевски од АКК „Примо авј“ беше најбрз во класата СП -2000, а првото место во класата Е1 -2000 му припадна на Југослав Милошевски од АКК „Никола Карев“. Во најсилната класа Е1 +2000 победник е Александар Христов од АКК „Примо авј“.

Во екипна конкуренција најуспешни беа возачите од АКК „Никола Карев“ со 28 поени, пред АКК „Кастом кар рејсинг тим“ со 26 и АКК „Примо авј“ со 22 поени.

Авто-трката во Кочани се одржа по пауза од десет години, а организатори беа АКК „Примо авј“ од Скопје во соработка со Здружението на возачи и компанијата „Руен инокс автомобили“ од Кочани, под покровителство на општина Кочани.

До крајот на натпреварувачката сезона во домашниот шампионат остануваат уште две ридско–брзински трки што ќе се возат во Крушево и на Водно.

Би можело да ве интересира

Марко Блажевски – најдобар македонски возач на тркачката патека во Гробник

A1on

Фантастичен резултат на Македонците на „Хунгароринг“

A1on

Загинатиот на ридската трка во Пробиштип е долгогодишниот автомобилистички судија Кире Андреевски

А1он