Австрија е победник во групата Д на ЕП, а во осминафиналето се пласираат и Франција од второто и Холандија од третото место.
Ова е исходот по лудите натпревари од последното коло, во кои Австрија ја победи Холандија со 3:2, а Франција ремизираше 1:1 со Полска.
Австрија како првопласирана во групата ќе игра во осминафиналето против второпласираната од групата Ф, додека Французите ќе се соочат со второпласираната селекција од групата Е. Холанѓаните се квалификуваат како третопласирана репрезентација и ќе игра против еден од победниците во групите (Шпанија, победникот од групата Ц или победникот од групата Е).
Холандија – Австрија 2:3 (Гакпо 47′, Депај 76′ / Мален (аг) 6′, Шмид 59′, Сабицер 81′)
Гледавме луд натпревар во Берлин, каде Австријците победија и седнаа на врвот во групата. Избраниците на Ралф Рангник поведоа во шестата минута со несмасниот автогол на Дониел Мален, додека Холанѓаните одговорија на самиот старт од вториот дел со убавиот гол на Коди Гакпо на асистенција на Чави Симонс.
Сепак, само 12 минути подоцна Австрија повторно поведе. Фабијан Грилич нафрли од левата страна, а Роман Шмид со глава ја упати топката во мрежата на другата статива.
Холанѓаните се вратија во 76. минута, кога Мемфис Депај постигна гол откако Воут Вегорт ја спушти топката за него. Тој гол прво беше поништен поради играње со рака на Депај, но по прегледот на ВАР беше утврдено дека нема таков ракомет.
Но Австрија по вторпат најде одговор за холандскиот гол и само пет минути подоцна го постигна победничкиот гол. Кристоф Баумгартнер со прецизна топка го шутна Марсело Сабицер во просторот, а капитенот на Австрија со силен удар го чекираше Барт Вербруген.
Франција – Полска 1:1 (Мбапе (11м) 56′ / Левандовски (11м) 79′)
Французите со неочекуван кикс не успеаја да ја освојат групата. Полска уште пред овој меч знаеше дека е елиминирана, но не се предаде и одигра многу добар натпревар против фаворизираниот противник.
Килијан Мбапе во враќањето по повредата на носот ја доведе Франција во водство во 56. минута со гол од белата точка. Тоа беше негов прв гол на Европските првенства. Сепак, избраниците на Дидие Дешамп не успеаја да го приведат натпреварот до крај, но на другата страна лошата реакција на Дајот Упамекан им овозможи на Полјаците да израмнат од белата точка.
Иако во првата прилика Мајк Маињан го одбрани ударот на Роберт Левандовски, тој прерано го напушти шеснаесетникот и пеналот беше повторен, а Левандовски беше успешен во вториот обид и на тој начин му донесе утеха на својот тим за збогувањето со еврото.