Австралија Опен може и да не се одржи следната година

Од:

Директорот на австралиската тениска федерација, Крег Тајли изјави дека организаторите на Австралија опен, каде тој е и директор, разгледуваат различни опции за календарот во јануари 2021 година.

– Најдоброто сценарио во моментот е да учествуваат играчи кои можеме да ги донесеме во Австралија, со сета почит кон правилата за карантин, и само со навивачи од Австралија на трибините. Најлошото сценарио е турнирот да не се одржи следната година, вели Тајли.

Досега, повеќе од 30 тениски турнири се откажани или одложени поради пандемијата со коронавирусот.

„Вимблдон“ беше откажан за прв пат по 75 години, а „Ролан Гарос“ беше преместен од мај во септември.

Одлуката за последниот Гренд-слем турнир, Ју Ес Опен се очекува во јуни.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ

Полскиот тенисер лут поради повластениот третман на Синер: „Уништен сум и шокиран“

Предраг Петровиќ