Фабриката на компанијата „Ауди“ во Унгарија беше отворена во 1998 година, кога во неа почна да се изработува првата генерација на спортското купе „ТТ“.
Неполни две децении подоцна, погонот во Ѓер прослави значаен јубилеј – од фабричката лента се симна милионитиот модел на „Ауди“.
И додека германскиот производител во Унгарија цели 18 години произведува автомобили, производството на мотори почна неколку години порано, во 1994 година, а до денеска во фабриката се склопени дури 30 милиони погонски единици.
„Ауди“ соопшти дека е лубилејниот милионит автомобил од Ѓер е моделот „TT РС Купе“ и дека во него симболично е вграден 30- милионитиот мотор.
Во рамки на компанијата „Audi Hungaria“ се вработени 11.400 работници, а освен споменатиот модел во погонот во Унгарија се произведуваат и „TT Родстер“, „A3 Седан“ и „A3 Кабриолет“.
„Ауди“ во моментов работи на проширување на фабриката за да може наскоро во неа да почне производството на моделот „Q3“.