Со триумфот на гостински терен над Бахиа од 3:2, фудбалерите на Атлетико Минеиро на две кола пред крајот на првенството ја обезбедија првата шампионска титула во Бразил по повеќе од половина век.
? VOU FESTEJAR! VOU FESTEJAR! ?️#BicaBicampeão pic.twitter.com/vUOT4wPwYq
— Atlético ? (@Atletico) December 3, 2021
Атлетико Минеиро сега има 81 бодови, 11 повеќе од бранителот на трофејот Фламенго, кој има одиграно натпревар помалку.
За клубот од Бело Хоризонте ова е само втора шампионска титула во клупската историја, по премиерната во 1971 година.
Бахиа пред двоите навивачи водеше со 2:0 со головите на Луиз Отавио (62) и Жилберто (66), но гостите го свртеа резултатот во своја корист со три голови во серија преку Хулк (73, пенал) и Кено (74, 77).
– Ова е чудо, освоивме титула по повеќе од 50 години. И јас самиот сум навивач, а не само фудбалер на овој клуб, изјави Хулк, кој со 18 голови е водечки стрелец сезоната во бразилското првенство.