Атланта убедлива на гостувањето кај Бруклин за пласман во следната рунда

Од:

Кошаркарите на Атланта успеаја да се пласираат во конференциското полуфинале на „Исток“ откако ноќеска во натпреварот број 6 ја совладаа екипата на Бруклин со убедливи 111:87 (36:23, 15:22, 41:21, 19:21). Со овој триумф Атланта дојде до потребната четврта победа и со 4-2 го елиминира Бруклин. Во следната рунда ривал им е тимот на Вашингтон.

Атланта имаше контрола над резултатот во текот на целиот натпревар, а Бруклин единствено во финишот на првиот дел успеа на намали на шест поени (45:51). Но, на стартот од вториот дел Атланта направи серија од 23-3 и потоа во два наврати имаше највисоко водство од 28 поени разлика (90:62 и 96:68).

Пол Милсап кај Атланта постигна 25 поени, а ДеМар Керол и Кајл Корвер постигнаа по 20, а кај Бруклин Брук Лопез со 19 поени беше најпрецизен.

Вечерва се игра и единствената мајсторка од првото коло од плеј офот меѓу ЛА Клиперс и Сан Антонио.

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on