Екипата на Атланта е третиот учесник од Источната конференција со обезбедено место во разигрувањето за титулата во НБА лигата.
Иако ноќеска кошаркарите на Атланта немаа натпревар, сепак постигнатите резултати ја промовираа во учесник во плеј-офот.
Нова победа забележа лидерот на Западот, Голден Стејт, додека првопласираниот на Исток, екипата на Кливленд загуби дома од Хјустон.
Постигнати резултати:
Голден Стејт – Вашингтон 102:94,
Индијана – Чикаго 96:98,
Орландо – Бруклин 139:105,
Филаделфија – Шарлот 85:100,
Детроит – Оклахома 88:82 и
Кливленд – Хјустон 100:106.
Пласман Источна конференција: Кливленд 52-22 (победи-порази), Торонто 49-24, Атланта 45-30, Мајами 43-30, Бостон 43-31, Бостон 43-31, Шарлот 43-31, Детроит 40-35, Индијана 39-35,…
Пласман Западна конференција: Голден Стејт 67-7 (победи-порази), Сан Антонио 62-12, Оклахома Сити 52-23, ЛА Клиперс 46-27, Мемфис 41-33, Портланд 39-36, Јута 37-37, Хјустон 37-38,…
Место во плеј-офот досега обезбедија Голден Стејт, Сан Антонио, Оклахома, ЛА Клиперс, Кливленд, Торонто, Атланта.