Екипата на Атланта оствари победа во натпреварот број 3 (прв на домашен терен) од 1.коло од плеј офот во НБА лигата и води со 2-1 во победи против Индијана.
Тимот на нашиот Перо Антиќ доби три од четирите периоди, а првиот заврши нерешено (24:24, 15:14, 28:20, 31:27).
Најефикасен кај Атланта беше Тиг со 22 поена, а Пол Милсап имаше „дабл-дабл“ учинок 14 поени и 14 скокови. Антиќ натпреварот го заврши со 3 скокови и 1 поен.
Следниот натпревар се игра во сабота повторно на теренот на Атланта. На другите два натпревара одиграни ноќеска Мемфис вторпат по ред по продолжение слави победа над Оклахома Сити.
На домашен терен триумфираше со 98:95 и сега води со 2-1 во победи. Гостинска победа со 98:96 оствари тимот на ЛА Клиперс над Голден Стејт и го презеде водството во победи со 2-1.
Вечерва се играат натпреварите: Бруклин – Торонто (1-1 во победи), Вашингтон – Чикаго (2-0) и Портланд – Хјустон (2-0).