Екипата на Атланта е на една победа до следната рунда во плеј-офот од НБА лигата откако ноќеска по вторпат во серијата ја победија Индијана на нејзин терен. Во натпреварот број 5 Атланта славеше со 107:97. Решавачка за победата беше втората четвртина која гостите ја добија со 41:19.
Тимот на нашиот Перо Антиќ, Атланта сега има водство од 3-2 во победи. Изненадување за домаќинот беше добрата игра на двајца од клупата. Шелвин Мек и Мајк Скот, кои постигнаа 20 односно 17 поени.
Следниот натпревар се игра во четврток на теренот на Атланта.
Од другите дуели ноќеска шампионот Мајами ја постигна и четвртата победа (4-0) над Шарлот и се пласира во полуфиналето на „Исток“. Мајами славеше на гостински терен со 109:98.
И на третиот дуел славеа гостите. Сан Антонио го победи Далас со 93:89 и изедначи на 2-2 во серијата.
Вечерва се играат натпреварите: Чикаго – Вашингтон (1-3 во победи), Оклахома Сити – Мемфис (2-2) и ЛА Клиперс – Голден Стејт (2-2).