Тимот на Атланта во чии редови настапува Македонецот Перо Антиќ по две продолженија загуби ноќеска на гостувањето кај Шарлот со 122:119. Во регуларниот дел резултатот беше 97:97, а по првото продолжение 110:110. Антиќ на теренот мина 23 минути и постигна 8 поени.
На три од 11-те натпревари одиграни ноќеска победникот беше решен по продолжение.
Резултати: Шарлот – Атланта 122:119 (две продолженија), Орландо – Минесота 112:103 (продолжение), Филаделфија – Чикаго 115:118, Бостон – Индијана 101:98, Бруклин – Њујорк 110:99, Детроит – Милвоки 98:95, Торонто – Вашингтон 103:84, Оклахома Сити – Мемфис 89:91, Феникс – Сакраменто 112:114 (две продолженија), Јута – Далас 82:105 и Денвер – Кливленд 101:110.
Вечерва се играат осум натпревари: ЛА Клиперс – Портланд, Индијана – Вашингтон, Атланта – Њујорк, Мајами – Минесота, Чикаго – Бостон, Хјустон – Голден Стејт , Милвоки – Мемфис и Сан Антонио – Њу Орлеанс.