Екипите на Атланта и Голден Стејт постигнаа победи на ноќешните дуели во НБА плеј офот против Вашингтон односно Мемфис и поведоа со 3-2 во добиени натпревари и се на еден триумф од конференциското финале.
Победничкиот кош Атланта го постигна на 1.9 секунди до крајот преку Ал Хорфорд, кој дуелот го заврши со 23 поени и 11 скокови. Претходно Пол Пирс реализира тројка (8.3 секунди до крајот) за Вашингтон и донесе водство за својата екипа од 81:80. Во последната четвртина Вашингтон имаше предност од девет поени (73:64), но Атланта со серија од 14:0 направи пресврт во финишот на дуелот.
На вториот натпревар Голден Стејт оствари висока победа над Мефмис со 98:78, Клеј Томсон со 21 поен беше најефиаксен, додека Стеф Кари постигна 18.
Вечерва се играат натпреварите број 6 од дуелите: Чикаго – Кливленд (3-2 победи за Кливленд) и ЛА Клиперс – Хјустон (3-2 за ЛА Клиперс).