Екипата на Атланта Хоукс претрпе катастрофален пораз во Њу Орлеанс 73:105, во натпревар од претсезоната.
Перо Антиќ, првиот македонски кошаркар во НБА лигата, на паркетот мина 15 минути, а во поразот на својот тим учествуваше со шест поени (погоди две тројки од три обиди).
Ал Хорфорд со 21 поен и 6 скока, односно Пол Милсап со 13 поени беа најефикасните играчи на Атланта на оваа средба.
Њу Орлеанс до победата го предводеа Ентони Дејвис со 23 и Рајан Андресон со 20 поени.