Аргентина светски првак во футсал

Од:

Футсал репрезентацијата на Аргентина е светски првак откако синоќа во финалето на Светското првенство што се играше во Колумбија ја совлада Русија со 5:4. Аргентина водеше со 5:2, а Русија на крајот само го ублажи поразот. Головите за Аргентина ги постигнаа: Констатино Вапораки, Аламиро Вапораки, Леонардо Куцолино и Алан Бранди (два гола), додека за Русија Едер Лима постигна три гола и стрелец на еден гол беше Дмитри Лисков.

Во дуелот за 3.место Иран ја победи Португалија со 4:3 по изведувањето пенали и го освои бронзениот медал.

За Аргентина ова е прв трофеј во футсал натпреварувањата на ФИФА.

Би можело да ве интересира

Српски тренер доби отказ затоа што му го честиташе роденденот на Путин

ВИДЕО: Хулигани нападнаа српски спортисти во Брчко

Предраг Петровиќ

Македонските футсалци со реми го почнаа двомечот со Црна Гора

Ана Ололовска

Футсал виртуозот Рикардињо ја заврши репрезентативната кариера

А1он

Македонската футсал репрезентација до 19 години поразена од Црна Гора

А1он

Стартува новата футсал сезона, во недела дерби помеѓу КМФ Железарец и КМФ Проект

Ана Ололовска