Арената „Филип Втори“ не исполнува ни минимум критериуми на УЕФА

Од:

Надежите дека стадионот „Филип Втори“ ќе биде еден од домаќините на европското првенство во фудбал во 2020-та паѓаат во вода.

Откако ФФМ поденсе официјална кандидатура арената да биде еден од стадионите каде ќе се играат натпревари, УЕФА одговори дека „Филип Втори“ не ги задоволува ниту основните критериуми за ваков вид на натпреварување.

Како недостатоци кои „Филип Втори“ го прават неконкурентен е капацитетот кој изнесува 32,483 гледачи, а една третина од трибините не е покриена.

Како недостаток е нотиран и просторот за паркинг кој и го нема, а „Филип Втори“ не поседува ниту еден сертификат, нема доволно излези, а нема ниту план за дејствување при евентуална несреќа.

УЕФА изразува и сериозна загриженост за навивачите, бидејќи на стадионот има малку тоалети.

Арената не ги исполнува ниту условите за сместување во ВИП ложите.

Како еден од условите за ниско рангирање на „Филип Втори“ е и патната инфраструктура, немањето соодветни услови во хотелите за сместување на фудбалските репрезентации.

Испраќањето на кандидатурата до УЕФА помпезно беше проследено посебно од провладините медиуми кои, преку насловите оставија впечаток дека „Филип Втори“ е еден од најмодерните и најсофистицирани стадиони во Европа,а тоа ги зголемува шансите Скопје да биде еден од 13-те градови домаќини.

Би можело да ве интересира

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

УЕФА строго го казни ФСС поради натпреварите со Швајцарија и Данска

Горан Наумовски

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

УЕФА инвестира една милијарда евра за развој на женскиот фудбал во Европа

УЕФА ја казни Барселона поради финансиска измама

УЕФА: Стадионот „Сан Сиро“ нема да биде домаќин на финалето на Лигата на шампионите во 2027 година