Арда Tуран се соочува со 12,5 години затвор за нападот врз Беркај Шахин

Од:

Обвинителството во Истанбул побара затворска казна од 12 и пол години за фудбалерот Арда Туран поради нападот врз турскиот пејач Беркај Шахин.

Инцидентот се случи минатата седмица во ноќен клуб во Истанбул, а 31-годишниот фудбалер го нападнал пејачот и му го скршил носот.

Во ноќниот клуб за време на нападот присуствувала и сопругата на Шахин, а како што објавија турските медиуми причина за расправијата биле токму навредите на Туран упатени кон неа.

Туран е обвинет за сексуален напад, незаконско носење на огнено оружје, закани по живот и намерно нанесување тешки телесни повреди.

Во мај на фудбалерот му беше изречена парична казна од 9.200 долари и доби суспензија од 16 натпревари, откако нападна помошен судија за време на натпревар од турското фудбалско првенство.

Туран од јануари настапува за истанбулскиот клуб Башакшехир, откако Барселона го отстапи на 2,5 години.

Би можело да ве интересира

Германија го повика турскиот амбасадор на разговор поради прославата на Демирал на ЕУРО

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Португалците ја надиграа Турција за осминафинале на ЕП

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Турски навивач влезе на терен и тепаше играч со корнер-знаменце

Ана Ололовска

Лука Станковски нов фудбалер на турскиот прволигаш Газиантеп

Ана Ололовска

Галатасарај без свои навивачи на два гостински натпревара во евро-куповите

Ана Ололовска

Деби гол сезонава за Јаховиќ во турското првенство

Ана Ололовска