Арда Туран доби суспензија од 16 натпревари

Од:

Турскиот репрезентативец Арда Туран доби суспензија од 16 натпревари поради инцидентот што го направи на натпреварот помеѓу Башакшехир и Сиваспор.

Туран, кој сега настапува за истанбулскиот клуб Башакшехир, е дојден како позајмица од Барселона.

Инцидентот се случи во судиското продолжение на натпреварот што заврши со реми од 1:1, откако фаворитот за титулата Башакшехир во 92. минута си постигна автогол.

Потоа, видно нервозниот Туран не можеше да се смири при една одлука на помошникот судија и го оттурна, по што доби црвен картон.

Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Турција освен со суспензијата од 16 натпревари, на фудбалерот му одреди и парична казна од 8.000 евра.

Доколку Туран и следната сезона продолжи да игра во татковината, тогаш ќе пропушти една третина од домашното првенство поради суспензијата.

Би можело да ве интересира

Германија го повика турскиот амбасадор на разговор поради прославата на Демирал на ЕУРО

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Португалците ја надиграа Турција за осминафинале на ЕП

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Турски навивач влезе на терен и тепаше играч со корнер-знаменце

Ана Ололовска

Лука Станковски нов фудбалер на турскиот прволигаш Газиантеп

Ана Ололовска

Галатасарај без свои навивачи на два гостински натпревара во евро-куповите

Ана Ололовска

Деби гол сезонава за Јаховиќ во турското првенство

Ана Ололовска