Ферер, Алмагро и Бердих се пласираа во четвртфиналето на Австралијан Опен

Од:

Шпанецот Давид Ферер се пласираше во четвртфиналето на Австралијан Опен со победата над Јапонецот Кеи Нишикори, со резултат 6:2, 6:1, 6:4.

Четвртиот тенисер на светот го контролираше мечот од самиот старт. Негов противник во борбата за полуфиналето ќе биде Николас Алмагро.

Алмагро го доби осминафиналето против Јанко Типсаревиќ, откако Србинот, при водство на Алмагро од 6:2 и 5:1, поради повреда на левата нога го предаде мечот.

Без многу проблеми и без загубен сет, во четвртфиналето се пласира и Чехот, Томаш Бердих. Петтиот носител со 6:3, 6:2, 7:6 го совлада Јужноафриканецот Кевин Андерсон.

Би можело да ве интересира

Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ

Синер: „Многу тешка ждрепка“

Предраг Петровиќ

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај

Новак во полуфиналето на Шангај-посилен од енергичниот Чех