Нашиот капитен Перо Антиќ, официјално стави крај на својата репрезентативна кариера.
Оваа информација тој ја потврди во интервју дадено за официјалниот сајт на ФИБА, за кој изјави дека, тој нема повеќе да игра кошарка за Македонија туку, ќе се сконцентрира на своите настапи во Атланта Хокс.
„Ова е дефинитивно, крајот на мојата репрезентативна кариера. Не можам да кажам за моите колеги но за мене, со сигурност можам да потврдам. Игравме долги години за Македонија, бевме едно големо семејство и остваривме одлични резултати – од Б дивизијата, дојдовме до 4. место во Европа. Тоа е огромен успех!“, вели Антиќ.
„Нашиот успех треба да биде мотив плус за младите кошаркари, кои ќе не наследат во репрезентативниот дрес. Мислам дека, неколкуте младинци кои со нас беа на последните ЕП, научија некои работи и се надевам дека, на ист начин ќе продолжат да го носат дресот на Македонија“, заклучи Перо.