Перо Антиќ не успеа да погоди тројка со звукот на сирената и сто тоа да го одведе вечерашниот натпревар во продолжение.
Така Индијана во првата рунда од НБА плеј-офот израмни на 2-2.
Пејсерс во Атланта славеа со 91:88 и го надополнија брејкот што Хоукс го направија во првиот меч од оваа серија. Мечот беше одлучен во второто полувреме кое гостите го добија со 49:40 иако на пауза Атланта имаше предност од шест поени разлика.
Најефикасен во редовите на Атланта беше Пол Милсап со 29 поени, додека Корвер, Смит и Скот, исто така, имаа двоцифрен ефект. Перо Антиќ повторно не беше на нивото и за 25 минути на теренот постигна само два поени (0/3 за три, 1/3 за два) плус два скока и две асистенции.
Серијата сега повторно се сели во Индијана каде се игра петтиот натпревар.