Антиќ поуспешен од Мекејлеб

Од:

Перо Антиќ беше поуспешен од Лестер Бо Мекејлеб во евролигашкиот дуел на екипите за кои настапуваат двајцата македонски репрезентативци во ова натпреварување.

Антиќ за 16 минути игра постигна 4 поени и 4 скокови во победата на Олимпијакос против Фенербахче Улкер. Во поразениот тим, Мекејлеб го одигра целиот натпревар и имаше ефект од 20 поени 6 скокови и 3 асистенции со што беше меѓу најдобрите во турската екипа.

Постигнати резултати на синоќешните натпревари од 6.коло во ТОП 16 фазата од Евролигата: Жалгирис – Алба Берлин 92:56, Бешикташ – Макаби 55:77, Реал Мадрид – ЦСКА Москва 88:78, Олимпијакос – Фенербахче Улкер 82:71 и Барселона – Монтепаски 85:66.

Двојките за денеска се: Уникаха Малага – Анадолу Ефес, Каха Лаборал – Химки и Пнатинаикос – Бросе Баскетс.

Табела Е група: Реал Мадрид 6-0 (победи-порази), Анадолу Ефес 4-1, ЦСКА Москва 4-2, Панатинаикос 3-2, Уникаха Малага 2-3, Жалгирис 2-4, Алба Берлин 1-5, Бросе Баскетс 0-5.

Табела Ф група: Барселона 5-1 (победи-порази), Монтепаски 5-1, Каха Лаборал 4-1, Химки 3-2, Олимпијакос 3-3, Макаби 2-4, Фенербахче Улкер 1-5 и Бешикташ 0-6.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он