Капитенот на македонската кошаркарка репрезентација Перо Антиќ, заедно со своите соиграчи од Олимпијакос е одликуван од страна на грчкиот претседател Карлос Папуљас со медал за заслуги по одбраната на титулата европски шампион.
Кошаркарите на црвено-белите од Пиреја на шефот на државата на јужниот сосед му врачија баскет потпишан од нив, како и дрес со бројот 1 на кое беше испишано неговото име.
Паралелно, грчките медиуми пренесуваат дека рускиот гигант ЦСКА Москва покажува сериозен интерес за услугите на капитенот на „црвено-жолтите“.
Според македонскиот спортски портал „Екипа.мк“, Русите на Антиќ му понудиле преку еден милион евра за да се пресели во нивниот тим.
Македонскиот кошаркарски ас наводно на оваа понуда ќе одговори по завршувањето на сезоната во Грција, каде Олимпијакос ја брани шампионската титула.