Капитенот на нашата кошаркарска репрезентација, Перо Антиќ, гневно реагираше на веста дека тој наводно го критикувал селекторот Алеш Пипан за поразот против Босна и Херцеговина.
На својот профил на „твитер“ Антиќ истакна дека неговите зборови намерно биле извртени, за да се создадат проблеми во националниот тим.
– Тренерот може да ви каже точно кај сме грешеле, а не дека е негова кривица!! Со ваков менталитет на поединци во новинарството далеку ќе идеме – порача Антиќ на својот профил.