Антиќ ќе игра во четвртфиналето на Евролигата

Од:

Капитенот на македонската кошаркарска репрезентација Перо Антиќ ќе биде единствениот Македонец во четвртфиналната фаза од кошаркарската Евролига.

Олимпијакос за кого настапува Антиќ синоќа во Атина, во директен дуел за пласман помеѓу осумте најдобри го победи Химки.

Освен Олимпијакос синоќа последниот „воз“ за пласман во четвртфиналната фаза го фатија и Макаби и Каха Лаборал.

Резултати на седумте натпревари од 14.коло во ТОП 16 фазата:

Група Е: Жалгирис – Бросе Баскет 90:81, Уникаха Малага – Алба Берлин 55:68, Панатинаикос – ЦСКА Москва 63:69 и Реал Мадрид – Анадолу Ефес 86:66.

Група Ф: Олимпијакос – Химки 79:70, Каха Лаборал – Монтепаски Сиена 76:64, Барселона – Макаби 74:71. Вечерва играат Бешикташ – Фенербахче.

Табела група Е: ЦСКА Москва 11-3 (победи-порази), Реал Мадрид 10-4, Анадолу Ефес 9-5, Панатинаикос 9-5, Уникаха Малага 7-7, Жалгирис 6-8, Алба Берлин 4-10 и Бросе Баскет 0-14.

Табела група Ф: Барселона 13-1 (победи-порази), Олимпијакос 9-5, Макаби 8-6, Каха Лаборал 8-6, Химки 7-7, Монтепаски 7-7, Фенербахче Улкер 2-11 и Бешикташ 1-12.

Двојките за четвртфиналето кое ќе се игра во три добиени натпревари се: ЦСКА Москва – Каха Лаборал, Олимпијакос – Анадолу Ефес, Барселона – Панатинаикос и Реал Мадрид – Макаби.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ