Македонецот Перо Антиќ остана на клупата за резерви на вториот натпревар од претсезоната на неговиот тим.
Атланта победи на гостувањето кај Шарлот со 87:85 (33:27; 20:21; 19:18 и 15:19).
Претходната вечер Антиќ беше на теренот против шампион Мајами, а ноќеска заедно со уште четири соиграчи и тројца кои се повредени не добија ниту една минута.
Атланта до победата стигна благодарение на бекот Денис Шродер, кој постигна кош на 2.1 секунда до крајот, а најефикасен беше Мајк Скот со 19 поени.