Англичаните масовно потпишуваат петиција против ВАР технологијата

Од:

После серијата спорни ситуации кога беа поништени голови поради милиметарски офсајд или признат гол иако требало да биде поништен, во Англија навивачите почнаа да потпишуваат петиција за укинување на видео-технологијата.

Популарниот ВАР беше воведен за да се подобри регуларноста и да нема случки кои директно ќе влијаат на резултатот, но искуството покажува дека и со ВАР се прават грешки, а се губи и текот во играта. Веќе никој не може да се радува веднаш после постигнат гол, бидејќи тој гол може да биде поништен поради офсајд.

Англиската Премиерлига последна од големите воведе ВАР, па затоа таму и отпорот е најголем. По стадионите се пеат песни против ВАР и дека „ова веќе не е фудбал“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Фудбалерите на Милан го совладаа Емполи во 24. коло од Серија А

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

Де ла Фуенте останува селектор на шпанската репрезентација до крајот на ЕП 2028 година

Колапс на ѕвездата која заработи милиони: На 32 години работи за плата од 420 евра

Легендарниот дански фудбалер објави крај на играчката кариера

А1он