Ангеловски: Противниците добро не анализираат, нашите навивачи очекуваат да станеме шампиони

Од:

Селекторот на македонската репрезентација Игор Ангеловски, рече дека ривалите во групата добро ќе ја анализираат играта на неговите избраници, посебно по победата над Германија во квалификациите за СП.

– Нашите противници подлабоко ќе „прокопуваат“ за нас, а нашите навивачи очекуваат да бидеме европски шампиони. Точно дека ја победивме Германија, но тоа беше само еден натпревар на кој покажавме дека и со квалитетни противници можеме да се носиме, да одиграме квалитетно и да ги победиме. Тоа треба да ни ја зацврсти самодовербата, да веруваме во самите себе, а првиот што веруваше во овие фудбалери бев јас. Очекувам од нив со потполна самодоверба да влезат на натпреварите на Европското првенство, изјави Ангеловски на денешната прес-конференција.

Според него, шансите за пласман во втората фаза постојат, но ќе треба да се даде максимум во текот на сите три средби.

– Со Австрија бевме во групата во квалификациите за ЕП и двапати изгубивме, Украина е многу квалитетна репрезентација предводена од Шевченко со силни фудбалери, Холандија е фудбалска велесила и расадник на таленти кои секоја година ги гледаме во големите европски екипи како Реал, Барселона, Јувентус, нагласи Ангеловски.

Тој соопшти дека македонскиот национален тим со тренинзи ќе почне на 26 мај, ќе одигра две пријателски средби, со Словенија (1 јуни) и со Казахстан (4 јуни), а од 8 јуни репрезентацијата ќе замине во базата во Букурешт.

„Црвено-жолтите“ на 13 јуни во Букурешт ќе играат со Австрија, четири дена подоцна исто така во романската престолнина ќе се сретнат со Украина, додека третиот натпревар од групната фаза на ЕУРО 2020 ќе го имаат на 21 јуни во Амстердам против Холандија.

Би можело да ве интересира

Канатларовски: Заслуживме бод, момците одиграа многу храбро и со голема пожртвуваност

Ана Ололовска

ВИДЕО: Фудбалерите со „Земјо Македонска“ го прославија пласманот во баражот за СП 2022

Ана Ололовска

Милевски: Фудбалерите ја оправдаа довербата, имаме потенцијал уште да напредуваме

Ана Ололовска

Пендаровски им честиташе на фудбалерите за победата против Исланд

Ана Ололовска

ВИДЕО: Историска победа на фудбалската репрезентација на Македонија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Македонија со гол предност по првото полувреме

Ана Ололовска