Канаѓанката со романско потекло Бјанка Андреску во обраѓањето до присутните на финалето на US Open им се извини за победатата над домашната тенисерка Серена Вилијамс.
– Работев многу напорно за овој момент. Оваа година моите соништа се остварија. Добив можност да играм против Серена, вистинската легенда на спортот. Беше неверојатно.
Не беше лесно. Знам дека сакавте Серена да победи, па се извинувам. Серена има постигнато многу во минатото, таа е вистински шампион, а јас само се обидов да ја покажам мојата најдобра игра, изјави Андреску.
Деветнаесет годишната Канаѓанка синоќа стигна до првиот трофеј на Грен слем турнирите.