Кевин Андерсон од Јужна Африка синоќа успеа да направи изненадување со победата и елиминацијата на третиот носител на турнирот Енди Мареј. Андерсон мечот го доби со 3:1 во сетови, а во три сета се играше тај брек – 7:6 (7:5); 6:3; 6:7 (2:7); 7:6 (7:0).
Негов ривал во четвртфиналето ќе му биде Стан Вавринка, кој со истот резултат во сетови (6:4; 1:6; 6:3; 6:4) го победи Даоналд Јанг.
Пласман во четвртфиналето избори и вториот носител Рожер Федерер, кој со 3:0 во сетови (7:6 (7:0); 7:6 (8:6) и 7:5) го елиминира Џон Изнер.
Федерер во следната рунда ќе игра против Ришар Гаске, кој беше поуспешен од Томаш Бердих со 3:1 во сетови (2:6; 6:3; 6:4 и 6:1).
На осминафиналните дуели кај жените одиграни ноќеска Петра Квитова со 2:0 во сетови (7:5 и 6:3) ја победи квалификантката Џоана Конта, додека Флавија Пенета со 2:0 (6:4; 6:4) ја совлада Саманата Стосур.
Во другото четвртфинале пласман изборија Викторија Азаренка по триумфот над Варвара Лепченко – 2:0 (6:3 и 6:4), а Симона Халеп ја победи Сабине Лисицки со 2:1 во сетови (6:7 (6:8); 7:5; 6:2).
Денеска на програмата се првите четвртфинални дуели: Марин Чилиќ – Жо Вилфред Цонга и Новак Ѓоковиќ – Фелецијано Лопез кај мажите, Серена Вилијамс – Венус Вилијамс и Кристина Младеновиќ – Роберта Винчи кај жените.